Мундијалот во
Катар влегува во завршницата, остануваат уште четири натпревари до крајот.
Денеска на програмата е првото полуфинале, Аргентина ќе излезе на мегдан со
Хрватска, а утре е пресметката помеѓу Франција и Мароко.
Постои шанса да
гледаме реприза на финалето од пред четири години, но така не мисли Златан
Ибрахимовиќ, кој верува дека Аргентина ќе се радува на успех.
„Мислам дека веќе
е запишано кој ќе победи, и знаете на кого мислам. Мислам дека Меси ќе го крене
трофејот, тоа е веќе запишано“ – вели напаѓачот на Милан.
Запрашан каква
порака би му испратил на Кристијано Роналдо, кој со солзи во очите се упати во
соблекувалната по елиминацијата од Мароко, Ибра додава: „Не е толку важно што
ќе кажам јас. Сите сакат да го освојат Светското првенство, но на крајот не
можат сите да бидат победници“.
„Очигледно е дека
емоциите ве совладуваат кога нема да успеете… има емоции и кога ќе го освоите
мундијалот, но тие се сосема поразлични“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.