478
Џанлука Ди Марцио тврди дека Милан и Златан Ибрахимовиќ постигнале договор, трансферот во наредниот период и официјално ќе биде соопштен.
Ибра и Милан потпишале шестмесечен договор со можност за продолжување на уште една година.
За овие шест месеци Милан ќе му плати на Ибра три милиони евра, а дали договорот ќе биде продолжен и за наредната сезона ќе зависи од перформансите на легендарниот напаѓач, од бројот на голови и асистенции кои ќе ги има.
Ова ќе биде враќање на Ибрахимовиќ во Милан, црвено-црниот дрес тој го носеше и од 2010 до 2012 година.