Ибрахимовиќ го одoлговлекува потпишувањето на новиот договор поради една причина

by
1 минути читање

Швеѓанецот
минатото лето пристигна на Олд Трафорд и стави потпис на едногодишен договор со
опција за додатни 12 месеци.

Неодамна Жозе
Мурињо истакна дека се исполнети условите за да се активира клаузулата, но
никако да пристигнат вести за продолжување на соработката.

Златан
Ибрахимовиќ има одлична деби сезона на „Островото“, тој е најдобар стрелец на
Манчестер јунајтед па „Црвените Ѓаволи“ сакаат што поскоро искусниот напаѓач да
стави потпис на договорот.

Но според
денешното издание на Мирор, голгетерот намерно калкулира и го одлговлекува
потпишувањето на новиот договор.

Весникот пренесува
дека Златан Ибрахимовиќ сака да игра во Лигата на Шампионите, па чека да види
како ќе заврши сезоната.

Во моментов
Манчестер јунајтед е надвор од топ четири, и до крајот на сезоната ги чека
голема битка за местата кои водат во најелитното европско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани