70
35-годишниот Ибрахимовиќ заработи оштетување на вкрстените лигаменти на мечот со Андерлехт, повреда поради која го пропушта преостанатиот дел од сезоната а се стравуваше дека можеби тоа е и крај на неговата кариера.
Неговиот агент, Мино Раиола потврди дека Ибра е успешно опериран и кога ќе се рехабилитира ќе продолжи да игра фудбал.
„Златан Ибрахимовиќ имаше успешна операција на коленото. Тој ќе се врати комплетно, повредата не значи крај на неговата кариера“ – вели Раиола.
„Златан ја започна рехабилитацијата која ќе биде надгледувана од докторите кои го оперираа. Тој и медицинскиот тим не се достапни за давање интервјуа во моментов. Дополнителни информации ќе следуваа понатаму“.