Ибрахимовиќ: Ако му требам на Манчестер јунајтед, тука сум!

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед има променлив старт на новата сезона, го победи Челси, но загуби од Кристал Палас. Од САД се јави Ибрахимовиќ.

„Можам лесно да играм во Премиерлигата, па ако му требам на Јунајтед, тука сум. Но Галакси ме поседува, па жал ми е“, вели Ибрахимовиќ.

„Си ја завршив работата во Европа. Уживав, имам 33 трофеи кои ги донесов тука со мене и се надевам дека ќе освојам и некој тука. И потоа ќе видиме каде ќе таа авантура ќе заврши“.

Ибрахимовиќ ги следи натпреварите на Јунајтед.

„Ги гледам да. Го гледав последниот натпревар и мислам дека немаа среќа. Доколку го погодеа пеналот, тоа ќе беше друг натпревар, во Англија не е завршено додека не заврши“.

„Се може да се случи, особено во последните минути кога се е жешко во моментот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×