Ибрахимовиќ откри како го убедил Мората да се пресели во Милан

by bojan
1 минути читање
Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ одигра клучна улога во трансферот на Алваро Мората во Милан, Швеѓанецот откри како го убедил Шпанецот да се пресели на Сан Сиро.

„Росонерите“ го идентификуваа Џошуа Зиркзе како идеално засилување за нападот, но зделката пропадна поради огромната провизија која ја побараа агентите, па Холанѓанецот се пресели во Манчестер јунајтед.

Милан потоа се насочи кон други цели и за кратко време го договори трансферот на Алваро Мората.

Златан Ибрахимовиќ одигра клучна улога за реализирање на зделката, лично му се јави на Шпанецот.

Запрашан како го убедил, Швеѓанецот вели: „Му објаснив дека Милан е идеалниот клуб и дека нема подобро место за напаѓач, ќе биде опкружен со играчи како Пулишиќ, Рафаел Леао и Чуквуезе“.

„Сакаме само тој да биде среќен, за да игра подобро. Не познавам играч кој не е среќен тука, каде треба да се фокусирате само на фудбалот“.

„Оптимисти сме, ќе го пречекаме со раширени раце“.

Златан Ибрахимовиќ, кој иако е само советник на сопственикот значително е инволвиран во функционирањето на Милан, потоа порача: „Сакам да бидам 13-тиот играч на Милан на теренот. Наваивачите се 12-тиот играч, а јас сум 13-тиот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани