Манчестер
јунајтед утревечер пред своја публика го пречекува тимот на Барселона, во
првата пресметка помеѓу овие две екипи во четвртфиналето од Лигата на
шампионите, а според поранешниот напаѓач на обете екипи, тоа ќе биде битка
помеѓу Лионел Меси од едната, како и Пол Погба од другата страна.
„Мислам дека ова
ќе биде доста интересен натпревар со две одлични екипи“ рече Ибрахимовиќ.
„Двата клуба
имаат голема историја, премногу се атрактивни за гледање и имаат фантастични
фудбалери во своите состави, Меси прави разлика во секој натпревар каде игра,
тука нема никаква тајна, а Погба тоа го прави на спротивната страна“ додаде
тој.
„Мислам дека ова
ќе биде битка помеѓу Меси и Погба, дури и со оглед на тоа што ова е колективен
спорт, но, овие фудбалери ќе ја направат разликата на теренот и сето тоа ќе
биде мошне интересно да се види“ заклучи Швеѓанецот.