Ибра во свој стил се прости од Галакси: Дојдов, видов, освоив, сега одете гледајте бејзбол! (ФОТО)

by
1 минути читање

Има силни шпекулации дека Ибрахимовиќ ќе се врати во Италија, но имаше гласини дека би можел да го продолжи договорот со ЛА Галакси.

Според последниот негов статус на социјалните мрежи, Ибрахимовиќ и дефинитивно заминува.

„Дојдов, видов, освоив. ЛА Галакси ти благодарам што направи повторно да се почувствувам жив. До фановите на Галакси – го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Нема на што. Приказната продолжува… Сега повторно одете гледајте бејзбол“, напиша Ибрахимовиќ на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×