858
Шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ во моментов работи на директорска позиција во Милан.
Ибра се присети на еден натпревар против Рома во 2021 година. Тој постигна гол директно од слободен удар, а сега сподели каква конверзација имал со Исмаел Бенасер пред изведувањето.
„На натпревар против Рома кога дадов гол од слободен удар, имав разговор со Бенасер. Тој ми кажа: „Погодив неколку удари од оваа позиција на тренинг“. Јас му одговорит, добро, ти шутирај на тренинг, а јас ќе ги шутирам слободните удари на натпреварите. Исмаел се насмевна и замина“, се присети Швеѓанецот.
Ваквите изјави и контроверзните потези го следеа Ибрахимовиќ низ целата кариера, па може да се каже и дека му ја одбележаа.