Ибра направи шоу на промоцијата на Мората: Во Милан сите играчи се убави, само Павловиќ ќе мора да пушти коса

by bojan
1 минути читање
Мората, Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ направи шоу на вчерашната промоцијата на Алваро Мората во Милан и добро ги насмеа сите со шега на сметка на новајлијата Страхиња Павловиќ.

Златан Ибрахимовиќ официјално е само советник на сопствениците на Милан, но очигледно неговата улога на Сан Сиро е многу поголема.

Швеѓанецот е вклучен во преговорите со фудбалерите кои се идентификувани како нови засилувања, а редовно се појавува и на нивните промоции.

Синоќа, Златан Ибрахимовиќ се појави покрај Алваро Мората на средбата со новинарите.

Откако изрази задоволство што успеале да донесат квалитетно засилување како Шпанецот, и откако ги испофали фудбалските карактериски на напаѓачот, реши да направи мало шоу.

„Сите играчи на Милан се убави и згодни момци, еве Мората е згоден. Ќе треба само Павловиќ да пушти коса за и тој да стане убав и згоден… но тој е малку друг карактер“ – рече Златан Ибрахимовиќ и добро ги насмеа сите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани