Ибра можеби е голем фалбаџија ама и уште поголем мајстор: Со три гола го засени Вела и го реши дербито на ЛА (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Пред големото дерби на Лос Анџелес, Ибрахимовиќ добиваше прашања од новинарите дали се уште смета дека е најдобар во МЛС со оглед на тоа дека и Карлос Вела игра во одлична форма и дава многу голови.

Ибра во негов стил рече дека е многу подобар од Вела, зборовите можеби беа во негов, фалбаџиски стил, но дека има подлога за тоа покажа на теренот.

Прашањата како дополнително да го мотивираа Ибрахимовиќ кој буквално растури на дербито, даде три гола и му донесе победа на Лос Анџелес Галакси од 3-2. Карлос Вела погоди два пати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×