Ибра и Џеко во елемент, победи за Јунајтед и Рома (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Златан
Ибрахимовиќ и Един Џеко ја одбележаа вечерта во Лига Европа, двајцата напаѓачи
постигнаа хет-трик и помогнаа нивните екипи да направат значаен исчекор кон
осминафинале.

На Олд Трафорд,
Златан Ибрахимовиќ во 15. минута го отвори резултатот откако со малку среќа од
слободен удар ја затресе мрежата на Сент Етјен.

Еден час подоцна,
напаѓачот биеше прецизно за 2-0, а во завршните мигови од средбата погоди од
белата точка за првиот хет-трик во дресот на Манчестер јунајтед и победа од 3-0

На Ел Мадригал,
Рома тотално го надигра Виљареал и славеше со убедливи 0-4.

Емерсон го отвори
резултатот во 32. минута, а потоа во вториот дел на сцена стапи Един Џеко.

Напаѓачот зголеми
на 0-2, во 65. минута, потоа одново стрелаше прецизно во 79. минута, за во
финишот да стигне до хет-трик и да ги постави конечните 0-4.

Резултати шеснаесетфинале Лига Европа:

Виљареал – Рома 0:4
ПАОК – Шалке 0:3
Манчестер јунајтед – Сент Етјен 3:0
Легија – Ајакс 0:0
Хапоел Б. Ш. – Бешикташ 1:3
Атлетик Билбао – АПОЕЛ 3:2
Андерлехт – Зенит 2:0

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани