„Ибракадабра“ во
јануари одново го облече дресот на „росонерите“ и веднаш имаше импакт врз
тимот. Неговото присуство го подигна нивото на игра на сите фудбалери, па тој е
во плановите на лидерите на клубот за следната сезона.
Во договорот на
Златан Ибрахимовиќ има клаузула со која автоматски му се продолжува престојот
во Милано доколку биде обезбеден настап во Лигата на шампионите, но и без
елитен фудбал, раководството сака да го задржи Швеѓанецот на уште една година и
на маса ќе стави договор вреден 7 милиони евра по сезона.
Извештаите велат
дека и Златан Ибрахимовиќ е расположен за продолжување на соработката, но бара
да се креира поконкурентен тим.
Во плановите за
следната сезона, има уште еден поранешен играч, се работи на враќање на Тијаго
Силва. Дефанзивецот ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ, нема
абер за продолжување на соработката и се најавува дека „светците“ летоска ќе се
засилат со Калиду Кулибали.
Бразилецот, исто
така има услов за враќање на Сан Сиро, бара плата која ќе биде повеќе од
половина од онаа која во моментов ја заработува во Париз, каде инкасира 12
милиони евра годишно.