Ибра го „гасел пожарот“ кој го создадоа Консеисао и Калабрија!

by riste
1 минути читање

По драматичната победа на Милан над Парма се случи голем инцидент кога малку фалеше да се степаат тренерот Серџо Консеисао и капитенот Давиде Калабрија.

„Скај Спорт Италија“ пренесува дека Ибрахимовиќ веднаш по натпреварот влегол во соблекувалната и разговарал со двајцата во обид да ги смири страстите и да го реши проблемот.

Потоа и самиот Консеисао го искоментира инцидентот.

„Понекогаш овој спорт носи многу адреналин и мора да се живее со тоа. Сметам дека тоа е добра работа. Според мене во ред е, бидејќи се случи за време на натпреварот. Тоа е исто како со децата, ако се однесуваат лошо, мора да реагирате. Јас сум директен, фудбалерите знаат дека градиме врска и друх кој на крајот се покажа како пресуден“, изјави Консеисасо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани