Првиот гол на Португалија против Уругвај крена многу прав бидејќи прво му беше запишан на Кристијано Роналдо, а потоа информацијата беше корегирана бидејќи Бруно Фернандеш го даде голот, а ЦР7 направи само трзај со главата без да ја допре топката.
Ибрахимовиќ ја искритикува реакцијата на Роналдо кој очигледно се обидуваше да ги убеди сите дека голот е негов.
„Знаете кога сте ја допреле топката… и знаете кога не сте го направиле тоа. Најсрамната работа е да заборавите дека има камери кои ќе ја откријат вистината. Доколку јас ја удрев топката, трчам право кон Бруно Фернандеш и прославувам со него, му кажувам дека е негов голот и дека јас не сум ја удрил топката, а не да се обидувам да добивам непотребно внимание од јавноста. Ова јасно покажува дека тој сака сè да се врти околу него, токму затоа Тен Хаг го избрка од Јунајтед. Тој едноставно е вознемирен дека сите очи на медиумите се кон Меси кој ја одржа Аргентина во живот на Светското првенство, тој сега се обидува да го украде вниманието од Меси и Бруно. Фудбалот не е за лажговци“, изјави Златан Ибрахимовиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.