Ибанез ѝ даде гол на Барса во првата минута, па Јамал и Олмо режираа пресврт на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона славеа победа со пресврт над Алавес со 3-1 во рамките 14. коло во шпанската Ла Лига.

Не започна најдобро натпреварот за избраниците на Ханси Флик, Ибанез постигна гол за водство на Алавес уште во првата минута.

Сепак, веќе во осмата, Барселона стигна до израмнување и тоа пеку Ламин Јамал кој погоди по асистенцијата на Роберт Левандовски.

За комплетен пресврт уште пред истекот на половина час се игра се погрижи Дани Олмо со голот во 26. минута.

Продолжи Барселона да биде подобар протвник и во наредните минути кога сигурно ја чуваше предноста за во самиот финишо Олмо да постигне и втор гол за конечни 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×