Медиумите од Италија пренесуваат дека и Моизе Кин добил примамлив предлог од Саудиска Арабија, напаѓачот на Фиорентина е желба на Ах Хилал и Симоне Инзаги.
Саудиска Арабија оваа недела го купи најдобриот стрелец во Серија А минатата сезона – Матео Ретеги направи трансфер во Ал Кадсиа вреден речиси 70 милиони евра.
Како што пренесуваат медиумите, и вториот најдобар стрелец од минатата сезона може да заврши во Саудиска Арабија.
Симоне Инзаги лично му се јавил на Моисе Кин за да му го објасни проектот на Ал Хилал но и да го извести за понудата од која боли глава – плата од 20 милиони евра по сезона, односно 80 милиони евра за четиригодишна соработка.
Моисе Кин има откупна клаузула од 52 милиони евра (ќе биде активна уште неколку дена) и Ал Хилал без мака ќе ја плати.
Напаѓачот во моментов има плата од 2 милиони евра по сезона, се водат преговори за нов договор со Фиорентина, а „виолетовите“ најмногу можат да му понудат 4 милиони евра по сезона.
ФОТО: X/ACF Fiorentina