И волкот сит, и овците на број: Јувентус ги одреди условите под кои Влаховиќ ќе замине

by bojan
1 минути читање
Јувентус ја одреди цената на Влаховиќ

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус ги одредил условите под кои Душан Влаховиќ ќе го напушти клубот, потребна е трансфер сума од 25 милиони евра, а напаѓачот ќе биде компензиран со 5 милиони евра.

Јувентус бара решение за иднината на Душан Влаховиќ, кој ја одработува последната година од договорот вредна дури 12 милиони евра.

Се шпекулираше дека дури се размислува и за прекин на соработката, но последните информации велат дека „старата дама“ ги одредила условите под кои ќе се раздели со Србинот.

Клубот од Торино поставил цена од 25 милиони евра, со тоа што ќе го компензира Душан Влаховиќ со 5 милиони евра, за екстра да го мотивира голгетерот да направи трансфер.

Едно вакво сценарио му одговара на Душан Влаховиќ, но само под услов да се работи за трансфер во амбициозен клуб.

Една опција е Милан, каде тренерот Макс Алегри притиска да ја обнови соработката со Душан Влаховиќ, и неговото влијание би можеле да биде клучно за реализирање на зделката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×