И во Серија А почнаа да летаат тренерски глави

by
1 минути читање

Во Премиерлигата настрада Де Бур, во Бундеслигата, Анчелоти. Денеска беше врачен и првиот отказ во Серија А.

„Каљари сака да информира дека Масимо Растељи не е повеќе тренер на првиот тим. Му благодариме за две годишната работа која ја извршуваше со голема пасија и професионализам. Му посакуваме се најдобро“ – се вели во соопштението.

Клубот ги отпушти и помошниците на Растељи. Фаворити за тренерската позицијата се Бепе Иачини и Масимо Одо.

По осум одиграни натпревари Каљари е на 14. место во Серија А, но има четири порази во низа и само бод повеќе од опасната зона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани