И Вејн Руни е пред враќање во Манчестер јунајтед, веќе се огласи

by Стефан
1 минути читање

Легендата и најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, изјави дека би бил заинтересиран за враќање во клубот, а тоа е можно сега како помошник тренер во стручниот штаб на Мајкл Керик.

Се очекува Карик многу брзо и официјално да биде назначен за привремен менаџер на „црвените ѓаволи“, а Руни, кој во моментов е без тренерски ангажман откако доби отказ во Плимут, е подготвен да му се приклучи, пренесуваат медиумите на Островот.

Во изјава за „Би-Би-Си“, Руни јасно стави до знаење дека, доколку добие повик од Карик, без двоумење би се вратил на „Олд Трафорд“.

„Секако дека би прифатил. За тоа воопшто нема што да се размислува“, истакна Руни.

„Не молам за работа тука, само да биде јасно за сите. Но, ако ме прашаат да дојдам – секако дека би дошол. Назначувањето на менаџерот е најважната работа“, додаде легендата на Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×