86
Двата лондонски
ривали приредија шоу на Вембли во полуфиналето од ФА Купот.
Челси славеше со
4-2, а точна на натпреварот стави Матиќ со прекрасен погодок во 80. минута.
Но возбудувањата
не застанаа тука, во завршните мигови, по слободниот удар на Хари Кејн сите ја
видоа топката во голот, но Куртоа со чудна интервенција спречи погодок.
Напаѓачот на
Тотенхем шутираше во долниот агол, топката мина под Куртоа, но доби неправилно движење и „спин“, па кога требаше да ја
помине гол линијата, почна да се движи во спротивна насока и кон рацете на
голманот на Челси.