И Томас Тухел се сели во Премиерлигата?

by
0 минути читање

Според англиските обложувалници, Томас Тухел е фаворит за тренерската позиција во Саутемптон.

Клубот го отпушти Клод Пуел и наскоро треба да го назначи неговиот наследник. Најмногу шанси му се даваат на Томас Тухел, а потоа следуваат Франк де Бур и Маурисио Пелегрино.

Томас Тухел имаше одлична сезона со Борусија Дортмунд која ја заврши со освојување на Германскиот Куп, но поради лошиот однос со раководството беше отпуштен.

Тој би се приклучил на елитните тренери во Премиерлигата како што се Жозе Мурињо, Арсен Венгер, Антонио Конте, Јирген Клоп, Пеп Гвардиола, Рафа Бенитез, Маурисио Покетино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани