И Томас Тухел оди во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Се очекува Саутемптон деновиве да го отпушти Клод Пујел, а според „Индепендент“, нивна желба за нов тренер е Томас Тухел.

И покрај добрата сезона која ја заврши со освојување на германскиот куп, Тухел беше отпуштен од Борусија Дортмунд поради несогласување со раководството.

Доколку се договори со Саутемптон и се пресели во Премиерлигата, Тухел ќе се придружи на големите тренери кои работата во Англија и ќе ја направи лигата уште поинтересна.

Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола, Антонио Конте, Јирген Клоп, Арсен Венгер, Маурисио Покетино, Рафа Бенитез кој се врати со Њукасл  е друштвото на тренери на кое би требало да им се приклучи и Тухел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани