Eкипата на Милан неодамна одлучи да направи промена на клупата и на местото на Пауло Фонсека пристина Серџо Консеисао кој ќе се обиде да ги врати „росонерите“ на победничките патеки.
Неколку дена по отказот во јавноста се огласи Златан Ибрахимовиќ кој му се заблагодари на Фонсека.
„Консеисао пристигна, но пред да започнеме со него сакам и да му се заблагодарам на Фонсека за се што направи за Милан во периодот додека беше тука“, изјави Ибрахимовиќ.
Но, повеќе изненади делот во кој Швеѓанецот испрати извинување до Португалецот, бидејќи познато е дека важи за човек кој секогаш стои на својот став и ретко кога се извинува јавно.
„Го почитувам Фонсека, но тој не успеа да одржи резултатска константност, а кога си во тим како Милан тоа е најважно. Одлучивме да го отпуштиме по натпреварот и направивме грешка што го испративме на прес-конференција. Испраќам извинување до Пауло и навивачите“, изјави Ибрахимовиќ.