Лион повторно се соочува со сериозен удар по угледот откако Л’Екип објави нови детали за сомнителни финансиски операции поврзани со трансфери кои никогаш не станале реалност. Францускиот клуб, кој има седум титули, пријавил трансфери на пет фудбалери од Ботафого и навел дека биле платени значителни суми, но ниту еден од тие играчи не се појавил во Франција.
Според информациите, сè се случувало во периодот на претседателствувањето на Џон Текстор, човек чија ера беше исполнета со бројни контроверзии. Ова откритие дополнително го продлабочува хаосот во клубот кој последните месеци веќе водеше тешка битка за стабилизација.
Лион пријавил трансакции вредни 120 милиони евра за Луис Енрике, Игор Жесус, Саварино и уште двајца играчи кои никогаш не потпишале, ниту пак пристигнале во клубот. Овие неусогласености отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој биле водени финансиските операции.
Клубот веќе беше пред испаѓање во понизок ранг, но по жалбениот процес казната беше ублажена со услов Лион да влезе во строг период на финансиска контрола и стабилизација. Скандалот со нереализираните трансфери само го отежнува товарот кој клубот мора да го носи во следниот период.