ЦР7 очигледно не предизвика лудило само во Торино. Јувентус во третото коло гостува кај повратникот во Серија А, Парма. Мечот е закажан на 2. септември но уште сега се бара билет повеќе, па тоа предизвика да се препродаваат билети по луда цена.
За Курва Норд, каде цената на билетот е 25 евра, тапкарошите сега нудат билети по цена од 178 евра. За иронијата да биде поголема, сезонски билет на Курва Норд чини 190 евра, или речиси само колку дуелот со Јувентус. Слично е и на другите сектори од стадинот каде се продаваат билети по многу повисока цена од онаа официјалната. На источната трибина се продаваат билети за 199 евра (оргиналната вредност е 60 евра), на запаната трибина за 233 евра (оргиналната вредност е 70 евра) а за Трибуна Пентино 386 и 438 евра (оргиналната цена е 100 односно 150 евра).
Сторијата придонесе со официјално соопштение да се огласи и Парма, која порача дека билетите за мечот со Јувентус се уште не се пуштени во продажба и ги советуваат фановите да купуваат билети само од официјални канали.
„Парма сака да ги потсети сите дека билетите за домашните мечеви обично се пуштаат во продажба на 10 дена пред настанот. Па невозможно е билети за воведните натпревари од сезоната на Енио Тардини уште сега да се најдат на пазарот. Парма исто така советува билетите да се купат од официјални канали, а не од портали и веб страни кои продаваат или нудат резервација“ – гласеше известувањето на Твитер.