И Србите се смеат на пеналот кој го доби Вардар! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар славеа со 3-1 против Работнички во рамките на седмото коло на Првата македонска фудбалска лига.

Овој натпревар го одбележа пеналот кој го добија вардарци во 41. минута од натпреварот. Истиот беше досуден поради игра со рака од страна на фудбалер на Работнички, иако според снимките такво нешто веројатно немаше. Најчудно беше тоа што пеналот беше потврден и од ВАР собата, а истиот го привлече вниманието и во соседството.

  • Спорниот пенал на мечот меѓу Вардар и Работнички:

Српски „Спортклуб“ објави видео од пеналот и интересен текст, а во него удри по судењето во ПМФЛ.

Неверојатни случувања на дуелот од седмото коло во ПМФЛ меѓу Вардар и Работнички. Кога не оди, тука е судијата да поттурне. Ниту ВАР технологијата не е проблем, важно е кој седи во собата, барем во македонскиот фудбал. Ситуацијата која се случи во шеснаесетникот е за пререскажување. Во 41. минута домашен играч центрираше, топката погоди противник речиси во градите, а играчите на Вардар побараа пенал. И го добија, судијата покажа на белата точка. Оваа ситуација беше предмет на анализа во ВАР собата која ги запрепасти гледачите пред малите екрани бидејќи ја потврди одлуката“, стои во текстот на Спортклуб.

На оваа средба имаше уште неколку спорни ситуации, а изненадува молкот од Дебар Маало, односно од редовите на Работнички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×