Катастрофално
лето за нашите клубови во Европа. По Македонија ЃП и Академија Пандев, вечерва
елиминација доживеа и Шкупи. Чаирчани имаа најголеми шанси за прогрес во втората
рунда од квалификациите откако минатата недела се изборија за реми од 3-3 на
гостувањето во Ерменија.
По половина час
игра следуваше нов гол за гостите, Миранјан ја дуплираше предноста и го стави
Шкупи пред тешка мисија во продолжението од мечот.
Сепак,
избраниците на Умит Каран вечерва капитулираа на домашен терен и загубија со
1-2. Пјуник рано дојде во водство, Једигарјан испрати проектил од 30 метри и ја
затресе мрежата на чаирчани.
Домаќините сепак
успеаја да ја дигнат публиката на нозе, Јурина реализираше за 1-2 во 82. минута
и ја врати надежта. Сепак, само 120 секунди подоцна Сержињо заработи црвен, па
Шкупи со играч помалку во завршницата не успеа да направи кам-бек и се прости
од настапот во Европа.