Барса ја заврши 2019 со нови три бода, Леи Меси пак со уште едно големо постигнување. Аргентинецот стралеше прецизно против Алавас па и оваа година стигна до бројката од 50 погодоци. Во девет од последните десет години, ѕвездата на Барса има 50+ голови.
2010: 60
2011: 59
2012: 91
2013: 45
2014: 58
2015: 52
2016: 59
2017: 54
2018: 51
2019: 50Lionel Messi has scored 50+ goals for club & country in nine of the last ten years. pic.twitter.com/qN2UsoNhT9
— SPORTbible (@sportbible) December 21, 2019
„Каталонците“ поведоа со голот на Гризман во 14. минута, а пред крајот на првиот дел Видал донесе 2-0. Понс ги врати гостите во игра по десетина минути во продолжението, но потоа на сцена стапи Лео Меси.
Напаѓачот иако беше опколен од шест противнички играчи, прецизно биеше од врвот на шеснесетникот за 3-1 и ги реши сите дилеми. До крајот на натпреварот, Луис Суарез погоди од пенал за конечни 4-1.