80
Пред почетокот на преодниот рок се случува голема чистка во Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе крои тим по негова мерка.
„Манчестер Сити може да соопшти дека дефанзивецот Бакари Сања ќе го напушти клубот ова лето“ – стои во соопштението на клубот.
„Беше привилегија да играм за овој клуб. Уживав во секој момент од кариерата во Сити, сакам да му се заблагодарам на стручниот штаб, играчите и фановите кои ги направија овие три години незаборавни за мене“ – изјави Сања.
Претходно Манчестер Сити соопшти дека се разделува со Гаел Клиши, Хесус Навас и Вили Кабаљеро.