И самиот Жоао Педро се чуди: Бев 40 дена на одмор, дојдов и постигнав два гола во полуфинале и еден во финале

by bojan
1 минути читање
Жоао Педро е еден од хероите на Челси на патот до трофејот на Светското клупско првенство

Напаѓачот на Челси, Жоао Педро со солзи во очите се потсети на успехот кој го постигна во десетина дена, Бразилецот од одмор пристигна во САД за да потпише со „сините“ и потоа постигна три гола на патот кон триумф на Светското клупско првенство.

Челси се радуваше на трофејот на првото издание на новото Светско клупско првенство, клубот од Стемфорд Бриџ синоќа во финалето го совлада ПСЖ со 3-0.

Кол Палмер со два гола го шокираше фаворитот по половина час игра, а во финишот на првиот дел Жоао Педро ги дотолчи „светците“.

За Бразилецот ова беше трет погодок на турнирот, откако претходно постигна два гола во полуфиналето против Флуминенсе.

Па со солзи во очите тој се потсети како стигнал до својот прв трофеј во кариерата.

„Бев 40 дена на одмор и пристигнав на средина од турнир, на кој настапуваа големи клубови. Она што го искусив е необјасниво. Не знам што да ви кажам“ – вели Жоао Педро.

„Ова е моето прво финале, искусувам нешто неверојатно. Постигнав два гола во полуфинале, еден во финале. Навистина не можам да објаснам што се случи“.

На почетокот од јули месец, Челси си подаде рака со Брајтон за трансфер вреден околу 60 милиони фунти сосе бонуси, па Жоао Педро од одмор пристигна во САД за да потпише со „сините“ и веднаш му се стави на располагање на Енцо Мареска.

Против Палмеирас во четвртфиналето беше само резерва и доби шанса од клупата, но веднаш се најде во стартниот состав во полуфиналето против Флуминенсе, и финалето против ПСЖ – два натпревари на кои постигна три гола.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×