Добро упатениот Фабрицио Романо потврди дека Милан се договорил со Жан Филип Матета, „росонерите“ сега водат преговори со Кристал Палас за трансфер до крајот на зимскиот преоден рок.
Жан Филип Матета овој месец се поврзуваше со преселба во Јувентус, но „старата дама“ не успеа да најде заеднички јазик со Кристал Палас за висината на трансферот, па се повлече од зделката.
Нотингем Форест потоа силно притисна за потписот на напаѓачот, но денеска се појавија информации кои велеа дека Милан е тој кој ќе го ангажира Французинот.
Вестите попладнево ги потврди и добро упатениот Фабрицио Романо, кој објави дека „росонерите“ веќе се договориле со Жан Филип Матета, кој го одредил Сан Сиро како омилена дестинација.
Планот на Милан бил да го донесе напаѓачот по крајот на сезоната, но сега се во преговори со „орлите“ за трансферот да се комплетира во следните денови, односно до крајот на зимскиот преоден рок.