18 годишниот Константинос Карецас важи за еден од најголемите таленти во Европа, интерес за неговите услуги пријавуваат клубови како Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Челси и Арсенал.
Константинос Карецас важи за еден од најперспективните фудбалери на „стариот континент“ и со одличните настапи во редовите на Генк го привлече вниманието на најголемите клубови.
Се шпекулира дека тој е во бележникот на гиганти како Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Челси, Арсенал и уште многу други, и само прашање на време е кога ќе направи трансфер.
Тој е под договор со Генк до 30. јуни 2029, но се верува дека има откупна клаузула вредна околу 30-40 милиони евра, сума која големите клубови лесно можат да си ја дозволат.
ФОТО: X/KRC Genk