И Реал Мадрид оди во изолација поради коронавирусот!

by
1 минути читање

По Јувентус и Интер, Реал Мадрид е третиот голем клуб кој ќе помине во изолација во наредните 14 дена.

Кошаркар од првиот тим на Реал Мадрид се заразил со коронавирус, а бидејќи и фудбалерите работат во истиот камп и тие ќе одат во изолација, вклучувајќи ги и оние кои работат во канцелариите на клубот.

„Реал Мадрид информира дека играч од нашиот прв кошаркарски тим е тестиран позитивно на КОВИД-19 коронавирусот. Поради тоа согласно препораките и кошаркарскиот прв тим и фудбалскиот прв тим ќе одат во карантин, бидејќи и двата тима го делат истиот камп. И сите луѓе кои работат во кампот ќе останат во карантин. Натпреварите од кошаркарската Евролига и фудбалската Ла Лига кои беа предвидени за денеска и утре нема да се одиграат“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Ова значи дека Реал Мадрид нема да може да го игра натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×