И Реал Мадрид му се поклони на легендарниот Андрес Иниеста!

by riste
1 минути читање

Андрес Иниеста ја заврши фудбалската кариера на 40 години, па легендата добива пораки од сите страни, меѓу нив и вечниот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

Големи беа битките кои Иниеста ги водеше против Реал Мадрид, но кралскиот клуб денеска му честиташе на легендарниот фудбалер на Барселона.

„Реал Мадрид, неговиот претседател и управниот одбор сакаат да му оддадат признание, восхит и почит кон една од најголемите легенди на шпанскиот и светскиот фудбал. Андрес Иниеста придонесе со неговиот стил и вредности да го подобри спортот. Неговиот гол во финалето на Мундијалот во 2010 година ќе остане запаметен засекогаш“, објави Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани