Мохамед Салах му кажал на египетскиот претседател Фатах ал Сиси дека е на добар пат да се опорави.
Салах кој постигна неверојатни 44 гола оваа сезона за Ливерпул во сите натпреварувања, заработи повреда во последниот меч на сезона и ја исплаши својата нација.
„Претседателот се распрашуваше за здравствената состојба на фудбалерот Мохамед Салах кој му соопшти дека состојбата значително му се подобрува и дека е на добар пат да се опорави од повредата“, изјави портпаролот на претседателот, Басам Ради.
Салах беше на третман во Валенсија каде ја имаше главната фаза од рехабилитацијата. Египетската репрезентација денеска го има последниот тренинг, а утре тргнува кон Русија.
Нивниот прв натпревар е на 15. јуни против селекцијата на Уругвај. Египет е во групата А каде што уште се и домаќинот Русија и Саудиска Арабија.