140
Диего Коста на 8. јуни информираше дека добил порака од Антонио Конте кој му пишал дека не е во неговите планови за следната сезона.
Напаѓачот има само една желба за трансфер, а таа не може да ја оствари ова лето. Сака да се врати во Атлетико Мадрид кој има забрана за регистрирање на нови фудбалери во овој преоден рок.
Тој ја отфрлил можноста да се пресели во Кина, не сака да ги разгледува ниту понудите од другите европски клубови, па ќе треба да остане во Челси до јануари без разлика каков ќе биде неговиот статус.
Во меѓувреме се надева дека Атлетико Мадрид и Челси ќе постигнат договор за негов трансфер, па тој од јануари ќе може да се врати во главниот град на Шпанија.