И Омонија се најде на „менито“ на Тричковски (ВИДЕО)

by
1 минути читање

АЕЛ ја продолжува
трката за третото место на табелата на Кипар, место кое во моментов го поседува
на две кола до крајот на тој шампионат, но со само бод предност во однос на
АЕЛ.

Третото место
носи излез во Лига Европа за следната сезона, а тоа е голем мотив и за нашите
интернационалци Даниел Мојсов и Иван Тричковски, посебно вториот кој игра во
неверојатна форма.

Тричковски
постигна еден од двата погодоци на АЕЛ Ларнака во победата на гостински терен
кај Омонија во Никозија со 0-2, македонскиот офанзивец во 79. минута ја најави
победата која гостинот ја потврди во самата завршница од пресметката.

Македонскиот
офанзивец на 20 натпревари сезонава успеа да запише 13 погодоци досега за АЕЛ
Ларнака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×