Mино Рајола минатото лето беше во главниот фокус и сите зборуваа за неговата провизија откако на Олд Трафорд ги однесе Златан Ибрахимовиќ, Хенрих Мхитарјан и Пол Погба.
Само од трансферот на Пол Погба тој „лапна“ 49 милиони евра.
Но контроверзниот агент сега може да му подзавиди на Нејмар сениор, кој се грижи за кариерата на својот син.
Тој за една недела ќе инкасира фантастични 62 милиони евра.
Во понеделник од Барса треба да добие 26 милиони евра поради тоа што Нејмар во октомври стави потпис на нов договор.
Потоа Нејмар сениор добро ќе се офајди и од ПСЖ, за преселбата на напаѓачот во Париз, „Светците“ ќе му исплатат бонус од 36 милиони евра.
Па за краток период, таткото на Нејмар ќе биде побогат за 62 милиони евра.