Сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокузо се најде во центарот на вниманието по наводите дека спречила бразилската манекенка Сузи Кортез да присуствува на финалето на МЛС Купот, пренесува британскиот таблоид „Дејли Сан“.
Меси во финалниот натпревар го предводеше Интер Мајами до победа од 3-1 над Ванкувер Вајткапс и така додаде уште еден трофеј во својата богата колекција, но Кортез, позната како поранешна победничка на натпреварот „Мис БумБум“, не беше присутна на трибините.
Според пишувањата на „Дејли Сан“, Антонела наводно лично интервенирала за да се осигура дека Кортез нема да добие пристап до финалниот натпревар. Манекенката тврди дека претходно била блокирана на социјалните мрежи од страна на Меси, откако, како што наведува британскиот весник, му испраќала непримерни пораки и фотографии преку Инстаграм.

Кортез во повеќе наврати јавно го изразувала своето воодушевување од аргентинската ѕвезда, а откако Меси ја блокирал, таа јавно ја критикувала и неговата сопруга, обвинувајќи ја дека ѝ го оневозможила присуството на јавен спортски настан.
Во изјава за медиумите, Кортез истакна дека се чувствувала „понижено“ поради забраната да присуствува на финалето на МЛС Купот.
„Никој не треба да биде спречен да присуствува на јавен спортски настан поради приватни несогласувања или поради она што се случува на социјалните мрежи“, изјави таа.
Кортез додаде дека покрај Меси и членовите на неговото семејство ја блокирале на социјалните мрежи.
