И Марка ја призна грешката: Аспас требаше да добие пенал а не црвен картон (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Реал Мадрид е на чекор до титулата во Шпанија откако со 1-4 славеше на
гостувањето кај Селта.

Но ниту овој натпревар не помина без контроверзии. Судијата во првиот дел
не сакнционираше играње со рака на Варан и му покажа жолт картон на Аспас, кој
жестоко реагираше.

Во вториот дел се случи уште поголема неправда за домаќините. При резултат
0-2. Рамос стартуваше врз Аспас во шеснаесетникот.

Судијата наместо да покаже на белата точка, процени дека Аспас одглумил и
му покажа втор жолт картон.

Па наместо пенал и шанса за намалување на водството, Селта остана со играч
помалку во продолжението од средбата.

За овој спорен момент дури и Марка призна дека судијата направил голем
превид.

Весникот кој е близок до Реал Мадрид, вели дека одлуката на судијата Хуан Мартинез
Мунуера била погрешна, Селта требала да добие пенал, и Аспас не требал да биде
исклучен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани