479
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со 1-0 го победи Лихтенштајн во квалификациски меч од Б дивизијата.
По храброто реми во Шкотска каде одигравме 2-2, македонските момчиња денеска го совладаа Лихтенштајн со 1-0.
Единствениот гол на мечот го постигна Хоџа во 30. минута од натпреварот.
Турнирот од нашата група се игра во Шкотска, во последното коло, на 25 март играме против Романија која претходно со 10-0 го победи Лихтенштајн.