И Кристијано Роналдо во проблеми со даночните власти, затаил 15 милиони евра

by
1 минути читање

По Лео Меси и уште неколку други фудбалери, и Кристијано Роналдо е под лупа на даночните власти.

Вчера, во доцните вечерни часови се појавија информации кои велеа дека даночните власти пронашле неправилности во пријавите на играчот за периодот од 2011 до 2014.

Португалецот се сомничи дека затали околу 8 милиони евра.

Попладнево Ел Мундо објави дека сумата е многу поголема и изнесува 15 милиони евра.

Весникот вели дека даночните власти веруваат дека Кристијано Роналдо направил сериозен прекршок и целиот случај го доставиле до обвинителството, кое сега е на потег.

Тоа треба да одлучи дали да поднесе кривична пријава или се работи само за административна грешка.

Во случај на административна грешка, Кристијано Роналдо ќе треба да го надомести неплатениот данок како и да плати парична глоба.

Доколку пак биде поднесена кривичина пријава, на Португалецот му се заканува и затворска казна.

Останува да се види каква ќе биде одлуката на обвинителството, и дали ќе се остварат обвинувањата на Жерард Пике дека за играчите на Реал Мадрид секогаш има посебен третман поради тоа што луѓе од власта седат во ложата на Сантијго Бернабеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани