74
Италија е еден од главните фаворити за трофејот на Европското првенство и тоа го покажаа уште на стартот.
По мирното прво полувреме, победникот беше решен во вториот дел. Во 54. минута Пелегрини маестрално погоди со ножички за водство од 1-0.
Данска се обидуваше да изедначи, но Италија беше поблиску до втор гол отколку тие до реми. Конечните 2-0 ги постави Петања во 86. минута.
Со овој натпревар се заокружува првото коло на Европското првенство во Полска на кое историско учество има и селекцијата на Македонија.