148
Пандев денеска беше присутен на прес конференција на Џенова, меѓудругото беше прашан и што мисли за доаѓањето на Кристијано Роналдо во Серија А.
„Среќен сум што шампион како Роналдо доаѓа во Серија А. Задоволство ќе ни биде да го запознаеме. Јувентус веќе беше силен, а со Роналдо ќе биде уште посилен. Како и да е, цела Серија А добива со неговото доаѓање, ќе биде интересно“, изјави Пандев.