Средбата на
Висенте Калдерон можеби не беше атрактивна и заврши без голови, но сите зборуваат
за потегот на Јан Облак и неговата неверојатна тројна одбрана.
Во 68. минута од
средбата, Бранд украден една топка и излезе само очи во очи со голманот на Атлетико,
но Облак одбрани.
До одбиената
топка прв дојде Фоланд, но Облак одново одбрани, Напаѓачот на Баер имаше и втор
обид, но и овој пат голманот на Атлетико излезе како победник.
По неверојатната
тројна одбрана, сите на Висенте Калдерон станаа на нозе и му дадоа аплауз на
Словенецот, а честитки на адреса на Јан Облак пристинаа и од големиот Икер
Касиљас.
„ХЕРОЈ. Облак го
спаси Атлетико со тројна одбрана” – гласеше постот кој го ретвитна легендата на Реал Мадрид и Шпанија, и стави емоџи од човечиња кои се чудат.
HÉROE. Triple atajada de Oblak, para salvar al Atlético. pic.twitter.com/VGyEmRCOoG
— AFICIONADOS (@Aficionadosk) March 15, 2017