Италијанските медиуми во текот на денов пренесоа дека преговорите околу евентуалното продолжување на соработката со тимот од Милано се ближат кон самиот крај, па во
наредните неколку денови се очекува Донарума да потпише нов договор.
Дека шпекулациите кои ги пренесоа дел од италијанските медиуми имаат некаква реална основа, говори и тоа што Донарума се доверил во една изјава дадена за новинари за време на тренажен процес во својата селекција.
„Сите знаат дека
желба ми е да останам во Милан, барам куќа во градот во која ќе можам да живеам
заедно со моето семејство, смирен сум, сите кои се инволвирани во преговорите
знаат за мојата одлука која ја донесов, премногу сум приврзан кон овие бои на
клубот“ им открил Донарума на новинари кои биле присутни на тренинг
кампот на селекцијата на Италија.
Актуелниот
договор на Донарума со Милан истекува наредната година, неговата изјава ги води
преговорите во една сосема нормална насока, барем кога станува збор за желбите
на навивачите на овој тим.