46
По написите дека Манчестер Сити го мерка Енцо Мареска за наследник на Пеп Гвардиола, се појавија гласини дека Челси го има пикирано Чави за нов тренер.
Енцо Мареска е под договор со „сините“ до 2029 година, но во последно време се говори дека стратегот би можел порано да го напушти „Стемфорд Бриџ“.
Не се само лошите резултати во прашање, денеска се појавија написи кои велеа дека Манчестер Сити го мерка Енцо Мареска за наследник на Пеп Гвардиола, кој би можел да го напушти клубот на крајот од сезоната.
Па Челси разгледуваат неколку опции за нов тренер, и на врвот на листата со желби е Чави, кој е без ангажман по разделбата со Барселона во 2024.