Ерик Абидал во
вторникот ја коментираше смената на Ернесто Валверде и неговото интервју
предизвика потрес на Камп Ноу. Првата ѕвезда на клубот, Лео Меси жесто
реагираше со објава на социјалните мрежи и го прозва техничкиот секретар.
Според пишувањата
на Спорт, Аргентинецот не е единствениот погоден од зборовите, и Чави му се
налутил на Ерик Абидал. Но легендата на Барса решил да премолчи и не сака да
зборува во гнев.
Проблематична е
изјавата на Ерик Абидал дека не била доставена понуда до Чави, за кого се
пишуваше дека е прв кандидат за наследник на Ернесто Валверде.
„Не доставивме
понуда. Доколку Чави добил понуда, нека ми ја покаже бидејќи јас не сум ја
видел. На првата средба, Чави слушна што имавме да му кажеме, а на втората, тој
ни откри какви планови има. Она што се појави во медиумите повеќе беше политика
отколку спорт. Јас не сум заинтересиран за политика, ме интересира само
фудбалот“ – изјави техничкиот секретар на Барселона во вторникот.
Според вели дека
Чави бил прилично изненаден од ваквите изјави, но решил да не одговори како што
тоа го направи Лео Меси. Сепак, тој денес треба да се појави на прес, и постои
можност да биде отворена нова војна на Камп Ноу.