Башкими ја искористи лошата форма на Пелистер, кумановскиот тим ги победи битолчани со 2-1 во последниот натпревар од седмото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Башкими многу подобро влезе во натпреварот, агресивната игра на почетокот им донесе водство уште во осмата минута, по една убава акција Хаџиќ даде гол за водство од 1-0.
Само десет минути подоцна веќе беше 2-0, Хаџиќ даде уште еден гол и го дуплираше водството на Башкими.
Пелистер се разбуди во второто полувреме, по десет минути игра во вториот дел битолчани добија пенал, но капитенот Ристевски не реализираше, голманот на Башкими го одбрани неговиот удар.
Во 65. минута гол надеж за Пелистер, Спировски погоди за 1-2.
Но, немаше втор гол за домаќините, до крајот на мечот и двете екипи имаа свои шанси, но резултатот остана непроменет.
По седум одиграни кола Башкими собра 13 бодови, Пелистер има шест.